Бројот на загинати за време на овогодишниот аџилак се зголеми на повеќе од 1.300

Макфакс

24/06/2024

09:29

870

Големина на фонт

а а а

Бројот на починати за време на овогодинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави денеска министерот за здравство на Саудиска Арабија Фахад Ал Џалаџел.

Министерот, чии зборови ги пренесе државната телевизија, рече дека причината за смртта е „пешачење на долги растојанија под директна сончева светлина“ без соодветна заштита, а меѓу загинатите има многу стари лица и оние кои боледуваат од хронични болести.

Околу 83 отсто од смртните случаи се оние на кои не им било одобрено за аџилак, рече саудискиот министер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг