Поранешниот дизајнер на „Bugatti“ има нов хиперавтомобил

Точка

24/06/2024

07:58

7.558

Големина на фонт

а а а

Објавени се тизери за сосема нов хиперавтомобил наречен „NILU27“.

Овој бренд е основан од поранешниот дизајнер на „Koenigsegg“ и „Bugatti“, Саша Селипанов, а ќе биде претставен на 15 август.

Нема многу детали за самиот автомобил, освен неколку фотографии и видео на кое се гледа дека тахометарот оди до 13.000 вртежи во минута. Можете да го погледнете ТУКА.

Меѓу новитетите кои досега немавме можност да ги видиме, се издвојуваат задниот дел од автомобилот и вратите „gullwing“, а целосно се гледаат и големите задни тркала.


Со оглед на богатото искуство што го има Селипанов, нема дилема дека овој хиперавтомобил ќе биде вистинско уживање за колекционерите, а само треба да почекаме уште неколку месеци за да видиме што ќе вложи во него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг