Мет Дејмон одбил да биде најплатениот актер на светот: „Сè уште жалам поради таа одлука“

Точка

23/06/2024

14:37

6.211

Големина на фонт

а а а

Иако многу актери велат дека оваа работа ја работат затоа што тоа е нивна страст, нема сомнеж дека задоволството е поголемо кога на крајот ќе добијат и одличен хонорар. Сепак, Мет Дејмон е совршен пример дека не секогаш е сè во парите.

53-годишниот актер ја одбил шансата да стане најплатен актер за улога во еден од најголемите филмови на сите времиња. Имено, Џејмс Камерон сакал Дејмон да се појави во „Avatar“ и му понудил 10 отсто од заработката. Но, Дејмон го одбил.

„Во тоа време работев на постпродукција на „The Bourne Ultimatum“, па го одбив“, изјавил Дејмон.


Со оглед на конечната заработка на филмот, доколку Дејмон се согласел да се појави како Џејк Сали, кој на крајот го глумеше Сем Вортингтон, тој ќе заработел околу 250 милиони долари.

„Ги оставив тие пари на маса, но ми беше јасно дека со тоа што морав да кажам „не“, веројатно ја пропуштив можноста некогаш да работам со него. Тешко ми беше и сè уште жалам поради таа одлука“, заклучил актерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг