[ВИДЕО] Паметен автомобил „оглупавел“ на сред пат и предизвикал судир

Точка

22/06/2024

11:39

6.922

Големина на фонт

а а а

Паметните автомобили не се толку лоша работа – освен кога не се толку „паметни“.

Токму тоа му се случило на кинескиот модел "Li Auto L9", кој беше „измамен“ на неочекуван начин на автопат во родната земја.

Овој теренец, имено, има сензори врз основа на кои би требало да реагира во непредвидени околности и на тој начин да ја заштити безбедноста на своите патници, но во овој случај неправилно реагирал на билборд над патот.

Овој билборд прикажува две комбиња кои се рекламираат, но технологијата во "Li Auto L9" помислила дека тоа се вистински возила, што го активирало системот за автоматско сопирање за итни случаи (AEB).

Поради активирање на "AEB", теренецот нагло закочил на сред пат со брзина од 77 km/h, а возачот едвај успеал да избегне судир со оградата. Друг автомобил сепак удрил во "L9" , но немало поголема штета.

Ваквите работи не се невообичаени кога станува збор за возила со полуавтономна асистенција на возачот, но сепак ретко се случува да бидат збунети од билборд. Како и да е, доброто е што никој не бил повреден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг