[ФОТО] Ова е најмоќното „Audi“ во историјата

Точка

21/06/2024

10:13

9.416

Големина на фонт

а а а

Пред само десетина години 300 коњски сили беа респектабилна вредност на најпрестижните лимузини, а со влезот во електричното доба таа вредност во некои случаи е зголемена за три пати. Токму таквиот однос на силите важи за моделот на „Audi“ „e-tron GT“.

Моделот сега е темелно дотеран, а некои изведби се јасно дистанцирани. Приказната започнува со моделот „S“, продолжува со „GT“, а пикот на понудата е „GT Performance“. Еднакво јасен е и односот на силите, па така стартната изведба располага со 500 kW/ 679 коњски сили, средната е на 630 kW/856 коњски сили, а најмоќната оди се до 680 kW/ 925 коњски сили. Со тоа моделот се позиционира веднаш под технолошкиот доста сроден „Taycan“.

Зависно од погонот „e-tron“ до 100 км/ч забрзува за 3,4, 2,8 и 2,5 секунди, максималната брзина е 245 км/ч на најслабата и 250 км/ч на „GT“ верзијата. Конечно, потрошувачката се движи меѓу 18.4-21.1 kWh/100 км.


Од друга страна унапредена е и батеријата. Масата и е намалена за 9 килограми на вкупно 625, додека истовремено капацитетот е зголемен на 105 kWh. Силата на рекуперацијата преку кочење е крената од 290 на 400 kW, а моќта на полнење е до 320 kW. Преведено, 10 минути на полнач значи 280 километри досег.


Освен технолошкото унапредување, „Audi“ ја збогатил понудата во опремата и ја проширил палетата на достапни бои и додатоци.


Познати се и цените. Почетната е 126.000 евра, „GT“ започнува од 147.000 евра, а „RS e-tron GT performance“ има почетна цена од 160.500 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг