[ВИДЕО] Пожарот доаѓа до престолнината на Грција! Во тек е евакуација на околните населби

Точка

19/06/2024

22:01

4.132

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 70 пожарникари и 13 канадери се обидувале да го изгаснат големиот пожар на периферијата на Атина, што ги принудило властите денеска да издадат наредба за евакуација за две населби во близина.

Телевизиските снимки покажуваат како пожарот минува низ ниски грмушки и маслинови стебла во ретко населена област во близина на Вари, на околу 30 километри јужно од централна Атина.

Портпаролот на пожарната служба Василис Ватракојанис изјавил дека пожарот брзо се проширил поради силниот ветер.

Порано денеска во пожар кој избил на истокот на Атина во местото Коропи изгореле неколку куќи. Пожарот прво избил на паркинг за чамци во местото Коропи, а потоа се проширил, пренесува Катимерини.

Десетина шумски пожари во последните денови ја погодија Грција, но се изгасени пред да предизвикаат поголема штета. Неколку луѓе биле уапсени и обвинети дека случајно подметнале пожари.

Шумските пожари се вообичаени во Грција и предизвикале многу смртни случаи во последните години.

Пожарникарите и авионите вчера се бореле со уште еден голем пожар во јужниот регион Пелопонез, а властите наредиле евакуација на едно село.



Спонзорирани линкови

Маркетинг