[ФОТО] „Пренесуваме „на ушка“, за мажи не важи“: Се појави оглас во Србија кој е хит на социјалните мрежи

Точка

19/06/2024

15:41

4.943

Големина на фонт

а а а

„Има работа кој сака да работи“ е реченица која најдобро го опишува неодамна објавениот оглас наменет за „женскиот свет“ кој насмеа голем број корисници на социјалните мрежи во регионот.

Имено, група луѓе се досетила да го спои убавото и корисното и им понудила на жените во текот на врелите денови, кога асфалтот е уште поврел, едноставно да ги пренесат од точка А до точка Б, за да не ги оштетат своите обувки. Пренесувањето на дамите секако чини, и тоа во зависност од нивната тежина.

„Женски свету, асфалтот е врел и леплив! Сочувајте ги обувките“, стои во огласот објавен на „Х“.

„Пренесуваме „на ушка“. Млади дами до 70 килограми - 100 динари (може договор). Постари и покорпулентни госпоѓи - 300 динари (фиксна цена). За мажи не важи“, гласи остатокот од огласот.

„Вистински претприемачи“

Иако не е познато кога и каде настанал огласот како и дали е напишан само поради забава, многу во коментари сепак морале да се пошегуваат.

„Ме интересира ова 'може договор'“, „Дали има нешто помеѓу или да одам на поголема тарифа?“, „Вистински претприемачи“, „Спремив 600 динари бидејќи барем двајца ќе мора да ме носат“, гласат само некои од духовитите коментари под објавената фотографија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг