Листа на највалкано овошје и зеленчук: Еве како правилно да ги миете и да ги отстраните пестицидите

Точка

19/06/2024

10:09

14.070

Големина на фонт

а а а

Најновото истражување на непрофитната „Environmental Working Group“ (EWG) покажува кое овошје и зеленчук се највалкани, односно кои содржат најмногу остатоци од пестициди на себе.

За да ја креира оваа листа, „EWG“ анализирал повеќе од 45.000 различни примероци на овошје и зеленчук.

Се покажало дека некои, поради загриженоста за чистотата на овошјето и зеленчукот, се откажуваат од нивното консумирање, што е најлошата одлука што можете да ја донесете.

Вака изгледа листата на највалкано овошје и зеленчук:

- Јагоди
- Спанаќ
- Кељ
- Праски
- Круши
- Нектарини
- Јаболка
- Грозје
- Пиперки
- Цреши
- Боровинки
- Боранија


Иако е присутно ниско ниво на остатоци од пестициди, доволно е да има големо влијание. Можете да го заштитите вашето здравје со јадење овошје и зеленчук, дури и ако миењето не ги отстрани целосно остатоците од пестициди.

Сепак, овошјето и зеленчукот треба добро да се мијат пред консумирање за да се избегнат какви било реакции или алергии предизвикани од пестициди. Бројот на примероци со видливи остатоци од пестициди се зголемил кај боровинките и боранијата, кои во претходните истражувања биле значително помали.

Како правилно да се мијат овошјето и зеленчукот?

Миењето и чистењето ги намалуваат, но не ги отстрануваат нивоата на остатоци од пестициди. Лупењето на овошјето и зеленчукот кога е можно може да ги намали остатоците од пестициди поефикасно од миењето. Но, и овошјата што се излупени треба прво да се измијат бидејќи нечистотијата од кората може да ја пренесете со нож на делот што го јадете.


Истражувањата покажуваат дека четкањето и триењето на свежите производи под ладна проточна вода е исто толку ефикасно како и користењето раствор од оцет за намалување на бактериите. Не мијте ги производите со комерцијални детергенти и сапун. Плодовите можат да ги апсорбираат овие производи и да имаат уште полош ефект од пестицидите.

Кељот, спанаќот и другиот лиснат зеленчук најдобро се мијат така што ќе ги потопите, ќе ги оставите во вода неколку минути и ќе видите дека целата нечистотија паднала на дното.

Методот на миење со сода бикарбона е многу корисен бидејќи безбедно ги отстранува сите пестициди и земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг