Ади и Брејди МекКракен се млад брачен пар кој на социјалните мрежи објавува слатки ситуации од својот живот. Во ова видео, кое е прегледано 18 милиони пати откако е објавено, Ади сними симпатичен семеен момент, во кој повторно главна улога е нејзиниот син Растин.
Оваа мајка ја вклучила камерата за да снима додека во позадина се слуша „I Had Some Help“ на Пост Мелоун. Ади и Брејди танцуваат во позадина, а цело време пред камерата беше малиот Растин, кој реши да се приклучи на забавата и почна да скока пред мобилниот телефон.
Малото момче ги воодушеви корисниците на "TikTok" со своето слатко однесување, а многумина во коментарите напишаа дека им ставил насмевка на лицето.
„Ми го разубавивте денот со ова видео“, „Растин е најдобриот лек за некои лоши денови“, „Како да не се смеам кога гледам толку среќно дете и семејство кое се сака?“, „Вакви ситуации се сон на многу семејства, многу сум среќен што ова е вашето секојдневие“, се само дел од коментарите.
@addie_mccracken123 rustyn is the star of the show☔️⭐️🕺🏼🪩
♬ I Had Some Help - Post Malone