[ВИДЕО] Жена го нападна Тарантино во ресторан, викајќи му дека е „ционистичко ѓубре“

Точка

17/06/2024

21:00

2.668

Големина на фонт

а а а

Познатиот режисер Квентин Тарантино бил нападнат во ресторан во Њујорк.

Ционистичко ѓубре“, му извикала жена која на социјалните мрежи се претставува како „Крекхед Барни“ (Crackhead Barney).

Таа го објавила тоа видео на својот профил. Таму можете да видите како Барни, чие вистинско име сè уште не е познато, му приоѓа на режисерот кој седи сам на масата во аголот.

„Квентин Тарантино!“, извикала таа.

„Еј“, кратко ѝ одговорил Тарантино.

„Зошто си ционистички ѓубре?“, потоа го прашала жената.

 Тарантино не одговорил на тоа, само ги прекрстил рацете.

Таа потоа го прашала „дали оди во Израел“, но режисерот не стасал да ѝ одговори, бидејќи реагирале вработените во ресторанот.


Додека Тарантино излегувал од ресторанот, бил опколен од пропалестински демонстранти кои извикувале „Слободна Палестина!“.

Тие, исто така, го турнале и клоцале автомобилот во кој влегол.

Инаку, Тарантино е оженет со израелската пејачка и модел Даниела Пик и јавно застана на страната на Израел во војната.

Тарантино, кој го поминува времето на релација Тел Авив-Холивуд, откако се ожени со Даниел во 2018 година, многупати, со љубов, зборуваше за животот во Израел. Исто така, неговата сопруга е ќерка на починатиот израелски текстописец и изведувач, Пик Свик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг