Мистеријата со исчезнувањето на фармацевтот од Ниш: Милан на сопругата и кажал само една реченица, од тогаш го нема 7 дена, полицијата сега ја променила насоката на истрагата

Точка

17/06/2024

23:01

13.669

Големина на фонт

а а а

Минаа седум дена откако исчезна фармацевтот од Ниш, Милан Ѓорѓевиќ. Но, и натаму нема нови детали. Ни опсежното трагање на теренот, во кое учествувале полицијата, жандармеријата, војската, планинари, ловци, пријатели и роднини, не го реши основното прашање: што се случило со Милан.

Денеска, според зборовите на неговиот брат Дејан Ѓорѓевиќ, на местото каде што е пронајден автомобилот на Милан, кај Бојанини води, веќе нема никој. Како што неофицијално дознава „Blic“, полицијата е на терен, но ја променила насоката на истрагата, па сега се наоѓаат на потегот од Бојанини води кон селото Студена.

„Се наоѓаме тука од утрово. Кажано ни е дека и денес некоја екипа ќе излезе на терен. Имаа некој состанок, се слушнав со инспекторот, кој ми кажа дека и денеска ќе дојде полиција, жандармерија и војска. Ние сме тука од утрово, а нема никој“, рекол братот на исчезнатиот Милан за „Blic“.


Семејството нема информации дали истрагата е насочена во друга насока. Дејан вели дека во текот на вчерашниот ден потрагата се базирала на селото.

„Никој ништо не ни кажува, сите молчат. Ние само се ангажираме на сите можни начини да дознаеме некои детали. Моите пријатели и јас сме тука деноноќно. Ангажиравме и кучиња трагачи и дронови, сето тоа го организирав сам. Ништо не пронајдовме, ниту една трага. Дали полицијата има нешто, не знаеме“, рекол братот на исчезнатиот маж.

Во Горската служба потврдиле дека моментално нема никој на познатото нишко излетничко место. Во полициската управа во Ниш наведуваат дека опсежната потрага на теренот и натаму е во тек.


Пребарани сите патеки кои водат до излетничкото место

Како што пишува „Blic“, досега се пребарани сите патеки кои водат до излетничкото место, каде е пронајден автомобилот на Милан, па се до планинските врвови и селата во близина. Специјалните тимови ги пребарале и планинските карпи, за да го отстранат сомнежот дека не се лизнал и паднал во некоја провалија. Не е пронајден ни таму.

Потсетуваме, потрагата по исчезнатиот Милан започна во понеделник навечер, кога тој не се вратил дома од работа и не се јавувал на мобилен телефон.


Последен контакт со него имала неговата сопруга тој ден на пладне, кога се јавил дека нема да стигне да го земе детето од градинка. Според зборовите на неговите родители, тоа не е ништо чудно, бидејќи и порано се случувало истото.

Милан Ѓорѓевиќ, висок 185 цм, последен пат бил виден во бела кошула со сини линии, тегет панталони и кафени чевли. Неговиот автомобил марка „Шкода" е пронајден на подножјето на Сува планина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг