[ВИДЕО] „Првата вечер загинаа половина“! Руски војник во Вовчанск вели дека само 12 од 100 војници од четата се живи, командантите велат „јуриш“

Точка

17/06/2024

22:02

11.055

Големина на фонт

а а а

Антон Андрејев, руски војник од петтата чета на 1009. полк, ја опишал ситуацијата на руската офанзива во Харковската област на североистокот на Украина.

Тој рекол дека неговата единица е десеткувана и дека само 12 од 100 војници преживеале.

Андрејев се жали дека тој и останатите преживеани војници се под постојан украински оган во Вовчанск, главната мета на руското напредување.

„Не праќаат под митралези, дронови, по дневна светлина, како месо. А командантите само викаат – „Јуриш"“, порачал Андрејев во видеопорака.

Борбите беснеат откако руските трупи ја минале границата за отворат нов фронт.

Во првата недела од офанзивата, руските трупи успешно напредувале, со што била доведена во прашање способноста на Киев да се одбрани.


Во меѓувреме, Украина успеала да се стабилизира на линијата на фронтот, па Западот повеќе не стравува дека Русите би можеле да го обиколат Харков, втор најголем украински град.

„Не знам дали ќе се извлечам или не, но ова морам да го кажам да им оддадам чест на оние кои тука починаа како месо поради одредени поединци“, рекол Андрејев.

Неговата видеопорака ја објавил каналот „Astra“ на „Telegram“.

Руските државни медиуми и високи службеници тврдат дека нивната војска напредува во насока на Харков, а претседателот Путин изнел тврдење дека руските загуби се неколку пати помали отколку тие на украинската страна.


Уште од неуспешниот бунт на Јевгениј Пригожин минатото лето, Москва почнала да отстранува некои од водечките националистички гласови на кои им било дозволено да ги критикуваат воените напори на земјата.

Затворен е Игор Стрелков, популарен блогер и поранешен офицер на Федералната служба за безбедност кој станал гласен критичар за начинот на кој Русите војуваат.

Минатиот месец е уапсен и Иван Попов, ценет командант во Русија, кој зборувал за проблемите на бојното поле.

Влијателните руски воени блогери сега во главно ја поддржуваат верзијата на приказната која ја застапува Кремљ и оптимистички зборуваат за напредок на Москва и предвидуваат колапс на Украина.

На социјалните мрежи се појавиле низа објави во кои Русите ги бараат своите роднини, исчезнати во текот на офанзивата во Харовската област.


Некои од го критикуваат воениот врв, тврдејќи дека војниците се пратени на фронт откако минале минимална обука.

„Не сум слушнат со брат ми од 12-ти мај кога беше пратен во Вовчанск. Загрижен сум бидејќи обуката траеше само една недела. Дали е тоа воопшто легално?“, се прашува Јевгениј социјалната мрежа „vKontakte“.

Британскиот весник „Guardian“ наведува дека и покрај големите жртви, вкупната поддршка на војната во Русија и натаму е голема, делумно поттикната од постојаната државна пропаганда и недостигот на алтернативни гледишта.

Независно истражување покажува дека 79 проценти од Русите ја поддржуваат акцијата на Кремљ во Украина.

Меѓутоа, половина поддржува и започнување на мировни преговори, додека речиси 40 проценти од нив рекле дека повеќе би се вратиле на периодот пред Москва да ја нападне Украина.

Во редок исказ на незадоволство, група Русинки чии сопрузи се регрутирани во септември 2022-ра година, овој месец се собрале пред Министерството за одбрана во Москва.

Властите неодамна ги засилиле напорите за кршење на движењето познато како „Пат кон дома“, означувајќи го движењето како „странски агент“, што е израз кој носи негативна конотација уште од советската ера.

Москва досега била во можност да ги пополни своите трупи без масовна мобилизација, нудејќи има на регрутите големи плати и бонуси.

Успевала да регрутира 30.000 до 40.000 војници секој месец, според проценката на британското Министерство за одбрана.

Истовремено, Украина се соочува со недостиг на муниција, борбени авиони и противвоздушна одбрана, а исто така трпи и масовни жртви.

Иако изгледа дека руската офанзива во Харковската област е сопрена, таа успеала да постигне барем една цел, а тоа е да ги привлече украинските критични резерви во таа област, подалеку од одбранбените позиции на истокот, додека руските сили таму продолжуваат да напредуваат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг