[ФОТО] Жизел Бундшен се соблече и во петтата деценија изгледа подобро од било кога – без ниту грам шминка: Повторно заедно со 9 години помладото момче, Том Брејди не успеа да ги раздели?

Точка

17/06/2024

19:17

3.864

Големина на фонт

а а а

Жизел Бундшен повторно е видена со инструкторот по џиуџицу Хоаким Валенте, откако беше објавено дека раскинале и дека за сето тоа е виновен нејзиниот поранешен Том Брејди.

Познатата бразилска манекенка претходните денови била забележана на Флорида со нејзиното момче, со кој ја поврзува долгогодишно пријателство. По нејзиниот развод тие биле во Костарика, а тогаш е потврдено и дека се „повеќе“ од пријатели.


Манекенката Жизел Бундшен (43) и Хоаким Валенте (34) уживале на Флорида, спортувајќи, што е нивна голема заемна љубов. Легендата на американскиот фудбал, Том Брејди, исто така го обожува спортот, но како што стојат работите, неговата контроверзна емисија на „Netflix“ во која имал иронични коментари за Жизел и нејзиното момче, сепак не успеала да ја уништи нивната романса.


Жизел ја покажала топ линијата, а за тоа секако се „виновни“ тренинзите кои со години се дел од нејзината рутина.

Првата врска на моделот по разводот со Том Брејди била токму романсата со Хоаким Валенте, кој е тренер за боречки вештини. Откако гостите на специјалот на „Netflix“ посветен на Брејди, на почетокот на оваа година, иронично зборувале за неговата поранешна сопруга и нејзиното ново момче, врската на познатата Бразилка почнала да „пука“.


Инсајдер за „InTouch Weekly“ изјавил дека медиумското внимание било премногу за Валенте.

„Тој е „обичен тип“ и не е навикнат на сето внимание кое го добива“.

Бундшен (43) и Валенте (34) не се фотографирани заедно од април оваа година па сè до пред неколку дена. Се чини дека приказната за раскинувањето ги довела во центарот на вниманието.

„Хоаким стана предмет на шеги. Луѓето всушност почнаа да прашуваат дали е тој причината за нивниот развод. Го мразеше тоа.“


Неодамна се пишувало дека бразилската убавица за раскинувањето со Валенте го обвинила нејзиниот поранешен сопруг од кој се развела во 2022 година. Во емисијата на Том Брејд преку „шеги“ метата е ставена на грбот на Хоаким Валенте, тврди извор.

Нетфликсовата т.н. комедија „Greatest Roast of All Time: Tom Brady“, емитувана минатиот месец, предизвикала бурни реакции. На многумина не им е смешно што ѕвездата на НФЛ, Том Брејди, дозволил во шоуто да се прават шеги за неговите поранешни партнерки Жизел Бундшен и Бриџит Мојнагхан. Од друга страна, тој застанал во одбрана на Роберт Крафт, па уште еднаш се покажало дека фудбалот му е најважен.


Дека фудбалот му е приоритет, се пишувало и во 2022 година кога се развел од Жизел по 13 години брак. Таа подоцна изјавила дека едноставно заминале на различни патишта и дека спортот немал никаква врска со тоа. Брејди повеќепати нагласил колку е приврзан со нивните деца Бенџамин (14) и Вивиен (11). Сепак, на многумина им е чудно што шегите за тој брак биле дел од „комедијата“.

„Имаш 7 прстени. Па осум … сега кога Жизел го вратила својот“, се слушало.

Исмевана била и нејзината врска со инструкторот Хоаим Валенте.


Извор за „People“ изјавил дека 43-годишната манекенка е „длабоко разочарана од омаловажувачкиот приказ на нејзиното семејство во емисијата“.

„Како и секогаш, нејзиниот приоритет е да ги поддржи своите деца кои биле погодени од неодговорната содржина која била емитувана.

Извор близок до продукцијата на „Netflix“, за „Page Six“ изјавил дека сите гегови биле за добра забава, дека сите се согласиле децата да не се споменуваат и дека Брејди не знаел ниту една шега однапред.


Емисијата во која била и Ким Кардашијан, а која веќе подолго време ја поврзуваат со Том Брејди (таа вели дека се само пријатели), многумина изненадила и поради детаљот дека Брејди ги спречил „шегите“ на сметка на Роберт Крафт, директорот на „New England Patriots“, кој бил обвинет за наведување на проституција (обвиненијата се отфрлени).




Спонзорирани линкови

Маркетинг