[ВИДЕО] Додека другите излегувале од лимузини, Тијана од Ужице пристигнала со трактор на матура: „Другарите се смееја, но немам од што да се срамам, јас сум од село“

Точка

17/06/2024

14:58

7.527

Големина на фонт

а а а

Вчера на Плоштадот на партизаните во Ужице се случило нешто што го привлекло вниманието на сите присутни. Тијана Марковиќ пристигнала на мала матура на многу необичен начин - со трактор.

Низ центарот на Ужице прошетале малите матуранти од основното училиште „Миодраг Миловановиќ Луне“, но вниманието го привлекла младата Тијана, чиј татко ја довел со трактор, предизвикувајќи изненадување кај минувачите и нејзините школски другари.

Тракторот застанал, вратата се отворила, а од него излегла убавата Тијана во зелен фустан, со широка насмевка на лицето. Татко ѝ го следел секој нејзин чекор, очигледно среќен и горд на својата ќерка, што се гледало на неговото лице.

На матуру са трактором ❤️🚜

Данас су на Тргу партизана продефиловали не тако бројни мали матуранти из ОШ "Миодраг Милованивић Луне" где похађају школу деца из села Каран, Рибашевина и Луново Село. Ништа не би било необично да малену Тијану Марковић тата није довезао трактором што је изазвало изненађење, као пролазника тако школских другара. Срећно, децо! 🍀

Posted by UŽICE - OGLASNA TABLA on Saturday, June 15, 2024

„Не знам како на татко ми му падна напамет да дојдам со трактор, но јас се согласив. Планирам да запишам техничко и графичко цртање. Другарите се смееја, но јас не се срамам, нема причина за тоа, јас сум од село“, изјавила Тијана низ насмевка.

Под видеото се нижеле пофалби за оваа матурантка и нејзиниот татко.

„Голем аплауз за Тијана и нејзиниот татко. Оригинална идеја на прекрасни луѓе кои со гордост го претставуваат своето наследство“.

„Тој трактор има повеќе душа и вредност од многу автомобили, а верувам дека имаат и автомобил и куќа и имот, каде сите вредно работат и живеат здрав живот и така ги воспитуваат своите деца. Да има повеќе вакви семејства, сите би цветале. Ова е за гордост, а за срамота се оние кои се срамат од своите родители и начинот на кој се одгледани“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг