Во Турција речиси 16.000 луѓе повредени при колење жртвени животни за Рамазан-бајрам

Макфакс

17/06/2024

13:16

581

Големина на фонт

а а а

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, денеска изјави дека речиси 16.000 луѓе во Турција се повредени за време на колењето на жртвените животни за време на исламскиот празник Курбан-бајрам.

Тој на мрежата Х напиша дека 1.274 лица се пријавиле во медицинските установи во Анкара, 840 во Истанбул и 416 во Измир поради повреди добиени при колење жртвени животни.

Коџа изјави дека овие повреди настанале затоа што „животните не се колат од професионалци“.

„Ги советуваме граѓаните да внимаваат на ова. Приближно 16.000 луѓе од првиот ден нема да може да уживаат во празникот колку што сакаат“, предупреди Коџа.

Одбележувањето на четиридневниот исламски празник Курбан-бајрам почна вчера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг