Љутков: Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија

Макфакс

17/06/2024

11:16

648

Големина на фонт

а а а

„По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за култура и туризам!“, напиша Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи.

„Голема чест за мене,голема одговорност и предизвик! Благодарам на претседателот Христијан Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката! Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија!“, додаде Љутков.

Тој вети напорна работа и брзи резултати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг