По 6 години поминати во затвор, Миле Јанакиески денеска излегува на слобода

Точка

17/06/2024

09:59

2.911

Големина на фонт

а а а

Поранешниот министер за транспорт и врски во владата на Никола Груевски, Миле Јанакиески, денеска излегува на слобода по 6 години затвор.

Јанакиески во периодот од ноември 2018 година до денеска неколку пати беше во притвор и куќен притвор. Во јули минатата година беше прво во затворот Идризово, а потоа беше префрлен во затворот во Шуто Оризари.


Јанакиески доби условен отпус со одлука донесена од Апелацискиот суд Скопје.

Од формирањето на СЈО, поранешниот министер кривично беше гонет за неколку судски случаи.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур претходно утврди дека на Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите за 27 април и за „Шпански скали“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг