Култниот филм со Ричард Гир ќе добие римејк, познато и кој ќе го замени славниот актер

Точка

17/06/2024

09:50

4.705

Големина на фонт

а а а

Култната драма „An Officer and a Gentleman“ во која главната улога ја толкува Ричард Гир, наскоро ќе добие римејк.

Како што наведува „Variety“, „Paramount“ работи на римејк на филмот од 1982 година, а главната улога ќе ја добие Мајлс Телер. Сепак, сè уште не се знае кој ќе ја добие главната женска улога, која претходно ја играше Дебра Вингер.

Претстојниот римејк на „Paramount“ ќе го продуцира „Temple Hill“со финално нацрт-сценарио напишано од Дејна Фокс, а чиј оригинал го напишал Мет Џонсон.

Приказната на филмот го следи Зак Мејо, млад човек кој запишува воена школа која обучува пилоти за поморска авијација. Поради својот нарав, тој често доаѓа во конфликт со своите претпоставени, особено со наредникот Емил Фоли (Луис Госет Џуниор). Меѓутоа, ситуацијата се менува откако Зак ја запознава Пола, девојка од фабрика која сонува да замине од дома.

Инаку, филмот постигна голем успех на кино благајните и доби шест номинации за Оскар. Тој на крајот освои два, за најдобра песна и најдобра споредна машка улога. Интересно е што Оскарот за најдобра споредна машка улога го доби Луис Госет Џуниор и со тоа стана првиот Афроамериканец кој ја освоил оваа награда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг