За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови

Макфакс

17/06/2024

08:44

6.371

Големина на фонт

а а а

За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој исчезна на островот Матраки вчера е пронајден мртов како трет во изминатата недела, јавува грчката телевизија Скај њуз.

55-годишниот маж исчезна од својот хотел на грчкиот остров Матраки во Јонското Море минатиот вторник, а 74-годишен маж од Холандија беше пронајден мртов на островот во саботата.

Британскиот ТВ водител д-р Мајкл Мозли беше пронајден мртов на егејскиот остров Сими пред една недела. Тој очигледно паднал по стрмна падина, изјави градоначалникот на Сими, Лефтерис Папакалодукас за Sky News.


Според грчките медиуми, во Грција моментално се водат како исчезнати уште неколку туристи.

Американски турист, 59-годишниот Алберт Калибет, исчезна на егејскиот остров Аморгос додека планинареше, а операцијата за потрага по двајца исчезнати француски туристи продолжува на егејскиот остров Сикинос.


Во соопштението на грчките власти се наведува дека спасувачката мисија ќе користи доброволци, пожарникари и ќе регрутира дополнителен полициски тим од блискиот остров Иос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг