[ВИДЕО/ФОТО] Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, за првпат се појави во јавноста по веста дека има рак

Точка

15/06/2024

13:23

4.078

Големина на фонт

а а а

Британската принцеза од Велс пристигна во Бакингемската палата за да учествува на кралската церемонија „Trooping the Color“ во Лондон – што е нејзино прво појавување во јавноста по нејзината дијагноза за неодреден вид на канцер.

Принцезата е фотографирана во автомобил како пристигнува во Бакингемската палата за да го прослави роденденот на кралот Чарлс, пишува Mirror.


Таа на прославата пристигна заедно со синот Џорџ и нејзиниот сопруг принцот Вилијам.


Сепак, овој настан е исклучително важен за целото кралско семејство. Тоа е роденденска парада за монархот, а портпаролот на палатата рече дека кралот Чарлс III е „воодушевен што принцезата може да присуствува на утрешните настани“.


Кралското семејство ќе се собере на балконот на Бакингемската палата над која ќе прелетаат повеќе од 30 воени авиони, пишува Мирор.

Стотици полицајци беа распоредени на улиците за безбедност на насобраните.




Спонзорирани линкови

Маркетинг