Стјуардеса открива генијален трик: Еве како да ја испеглате облеката без пегла

Точка

14/06/2024

22:17

6.995

Големина на фонт

а а а

Доколку често патувате, а морате да одржите остар, професионален изглед, наредната приказна е идеална за вас.

Стјуардеса од компанијата „KLM Royal Dutch Airlines“ открива како облеката да ја направите свежа и без набори, а по гужвањето во куферите.

Снимката на ТикТок добила повеќе од 4.700 лајкови, а на почетокот симпатичната девојка објаснува како да ја испеглате вашата облека без пегла, со минимален напор.

Таа советува да ја внесете облеката во бањата на својата хотелска соба и да ја оставите на радијаторот.

@klm Be sure to check out the last hack if you need help with seat selections! 👶 #KLM #royaldutchairlines #travelhacks #packinghacks #flightattendant ♬ BORN FOR THIS - Foxxi

Потоа пуштете топла вода во туш кабината, а по десетина минути пареата ќе ги исправи сите набори. Можете да го искористите тоа време и да се истуширате и така „да убиете две муви со еден удар“.

Стјуардесата открива дека облеката може да ја задржи свежината и повеќечасовното престојување во куферите, така што внатре ќе оставите неколку влажни марамчиња, пренесува „Daily Star“.

Во продолжението од видеото оваа стјуардеса дава уште неколку корисни совети.