Истражување открива кои изведувачи и песни луѓето најмногу ги слушаат за време на секс

Точка

14/06/2024

19:00

13.929

Големина на фонт

а а а

Новото истражување открива кои изведувачи и песни луѓето најмногу ги слушаат за време на сексот.

Студијата спроведена од „ZipHealth“ анкетирала 1.004 Американци и истата открива дека The Weeknd е најчестиот изведувач кој се појавува како музичка позадина за време на сексот. Иако The Weeknd отпеа три од петте најпопуларни песни за секс („The Hills“, „Often“ и „Call Out My Name“), првото место ѝ припадна на Ники Минаж и нејзиниот хит од 2022 година, „Super Freaky Girl“.

Други песни на топ 10 листата се „Earned It“ (The Weeknd), „Closer“ (Nine Inch Nails), „Love Is A Bitch“ и „I Feel Like I'm Drowning“ (Two Feet), „Or Nah“ (Remix) (Ty Dolla $ign, The Weeknd, Wiz Khalifa и DJ Mustard) и „Birthday Sex“ (Jeremih).

Со хип-хоп сексот трае најдолго, а со ЕДМ најкратко

The Weeknd го зазеде првото место на најпопуларни изведувачи кои се наоѓаат на плејлистите за секс, а потоа следуваат Канје Вест, Дефтонс, Дрејк, Лана Дел Реј, Кендрик Ламар, Tyler the Creator, Ријана, Тејлор Свифт и Доџа Кет.

Студијата, исто така, ја рангира музиката за секс по жанрови, при што поп-музиката е прогласенa за „најсекси“ жанр, а потоа следат аренби и хип-хопот. Останатите заклучоци од студијата се дека сексот трае најдолго со хип-хоп, а најкратко со ЕДМ, а најголемото откритие е дека „луѓето кои рекле дека слушаат музика за време на сексот генерално биле позадоволни од својот сексуален живот и имале секс почесто од оние кои не слушаат музика за време на сексуалните односи“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг