[ВИДЕО] Доктор открил што никогаш не смеете да правите во хотелската соба доколку не сакате да добиете сериозна инфекција и да „навлечете зараза“

Точка

14/06/2024

15:06

6.015

Големина на фонт

а а а

Докторот Џејсон Синг е многу популарен на „TikTok“, а неодамна ги предупредил сите патници дека треба да внимаваат на едно парче мебел во нивната соба. Имено, одредени истражувања покажале дека во дури 68% од хотелите и мотелите ширум светот е забележано присуство на паразитски бубачки, односно присуство на паразитски бубачки, односно стеница.

„Душекот е секако првото место што ви паѓа на ум кога ќе помислите на стеници и грини, меѓутоа постои уште едно парче мебел каде овие штетници често се „гнездат“.

Овој доктор советува да ја закачите вашата гардероба во плакари, наместо да ја редите во фиоки или едноставно да ја чувате во вашиот куфер.


„Разговорите со колегите кои работат во јавното здравство ни покажаа дека стениците се многу чести на неконвенционални места како што се комоди, табли, па дури и приклучници или рамки за слики во хотелските соби“, вели овој доктор.


Д-р Џејсон објаснил и како на брз начин да ги „извлечете“ стениците од нивните скривалишта на површината. Имено, доволно е да го вклучите хотелскиот фен и да го насочите воздухот долж шевовите и пукнатините на дрвениот мебел. „Топлината ќе ги принуди бубачките од креветот да излезат од скривалиштето и ќе можете полесно да ги воочите“, додал тој.


За потсетување, каснувањето од бубачки може да предизвика алергиски реакции и инфекции на кожата. Најчесто, самото каснување е прилично безопасно, но кај некои луѓе се појавува надуеност, чешање и црвенило, а секако заразата со стеници е последното нешто што го сакате во вашиот дом.




Спонзорирани линкови

Маркетинг