[ВИДЕО] Лос се доближил до двор на семејна куќа, чивавата му покажала кој е тука главен

Точка

13/06/2024

19:03

3.376

Големина на фонт

а а а

Сопственичката на Инстаграм профилот "@imnotsoanonymous“ споделила урнебесно видео во кое минијатурна чивава се залетува на огромен лос. Единственото нешто што ги дели двете животни е оградата, за која ни се чини дека не би го издржала нападот на лосот ако случајно посакал да ја урне. Во описот на видеото пишува: „Лосот имаше среќа што има ограда“.

Иако е повеќекратно поголем од неа, чивавата воопшто не покажува знаци на страв, туку гласно лае и се доближува до оградата за да воспостави доминација. Лосот најпрво го прифаќа предизвикот, а потоа отстапува сфаќајќи дека предизвикувачот не е вреден за понатамошна борба. Чивавата потоа безгрижно заминува од оградата како да успеала во својата цел: „Мојата работа е завршена. Се знае кој е тука главен“.


Чивавите се кучиња со силен карактер и не се плашат тоа да го покажат. Иако се најмали кучиња на светот, воедно се и кучиња со најголем карактер. Многу се огнени и независни и приврзани со сопствениците. Сепак, ова не е куче кое би требало да му го купите на мало дете како подарок бидејќи знаат да бидат прилично непријатни кон странци и мали деца кои не знаат да се однесуваат со кучиња.

Исто така, чивавите понекогаш ќе се обидат да доминираат и над своите сопственици. Па, ако можат да им покажат заби на своите сопственици, зошто да не го направат тоа и со некој лос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг