[ВИДЕО] Синот на богатиот грчки олигарх ја малтретирал евровизиската пејачка на сцената: Ја допирал, па ѝ го грабнал микрофонот, пејачката се обидувала да се оттргне

Точка

13/06/2024

19:28

8.004

Големина на фонт

а а а

Оваа година првата полуфинална вечер на Евровизија ја отвори претставничката на Кипар, Елени Фуреира, која ја изведе песната „Fuego“ со која заврши на второто место на ова натпреварување во 2018 година.

Таа стана многу популарна по настапот на Евровизија, и почна да ги полни клубовите, а настапот кој го одржала пејачката неодамна бил проследен со инцидент.

Имено, Милтијадис Маринакис, синот на познатиот грчки олигарх Евангелос Маринакис, ја нападнал Елени за време на нејзиниот настап. Како што може да се види на видеото кое беше објавено на социјалните мрежи, тој се качил на бината и постојано се обидувал да ја прегрне и допре додека таа се обидувала да се тргне и да држи дистанца.

На крајот ѝ го зел микрофонот и рекол: „Јас ја донесов овде“.

По инцидентот Елени го прекинала настапот и ја напуштила сцената.

Богатството на таткото на Милтијадис се проценува на три милијарди долари. Неговата флота содржи повеќе од 100 бродови и тој е сопственик на грчкиот фудбалски клуб Олимпијакос и на премиерлигашкиот клуб Нотингем Форест. Во негова сопственост е и медиумската куќа која ја критикува грчката влада.

Инаку, Елени е родена во Албанија, а живее во Атина. На Евровизија се обиде да се пробие три пати како претставник на Грција (во 2010, 2013 и 2017 година), но успеа дури во 2018 година како претставник на Кипар.

Таа е популарна и на Инстаграм, каде ја следат повеќе од милион луѓе, со кои секојдневно споделува атрактивни фотографии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг