Познатата актерка за врската со 15 години помладиот партнер: „Тој беше премлад за мене, но сепак се заљубив“

Точка

13/06/2024

09:00

7.436

Големина на фонт

а а а

Британската актерка Сиена Милер (42) е во романтична врска со музичарот Оли Грин (27), а во своето најново интервју за „Харперс базар“ раскажа за нивните почетоци и за тоа како им се родила љубовта.

Имено, тие се запознале на забава по повод Ноќта на вештерките, а набрзо почнале да излегуваат. Не очекувала дека ќе се заљуби во него, особено поради големата разлика во годините.

„Дефинитивно, не очекував дека двајцата ќе завршиме заедно, тој беше премлад за мене, но потоа многу брзо се заљубив во него. Никогаш не размислував за тоа дека можам да имам помлад партнер. Всушност, сето тоа ми беше доста тешко“, изјавила Милер.


Сепак, таа признава дека била пријатно изненадена од врската со 15 години помладиот партнер.

„Има разлика во начинот на кој таа генерација мажи ги почитува жените. Тоа е специфично за него, тој е многу мудар и добро приспособен и, верувам, целата негова генерација. Тие се пораснати со порамноправни услови“, продолжила таа.


Парот го добил своето прво дете на крајот на минатата година, а името на девојчето сè уште не е откриено. Милер вели дека не ја планирале бременоста, но и дека нејзината ќерка долго време сакала брат или сестра. Имено, Сиена од претходната врска со актерот Том Стариџ ја има ќерката Марлоу.


Со оглед на тоа дека се породи на 42 години, актерката наишла на негативни коментари за бременоста.


„Немам избор, морам да се шегувам. Иако навистина би сакал да дојдам до точка да не чувствувам потреба да им се правдам на другите дека сум постара мајка и дека ќе имам бебе“, вели актерката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг