[ВИДЕО] На сексапилната актерка ѝ испаднаа голите гради, актерката се изнамачи да го соблече тесниот фустан „Јас обично заспивам во облека која не успевам да ја соблечам лесно“

Точка

12/06/2024

18:44

6.346

Големина на фонт

а а а

Актерката Хали Бери на својот инстаграм-профил објави за незгодата која ја доживеа додека ја соблекуваше својата смела модна комбинација. Имено, актерката имала потешкотии со многу тесниот фустан, а сè било снимено во урнебесно видео каде таа се обидува да ги задржи и смеата и солзите.

Во еден момент од видеото, актерката праша кој е дизајнерот на модната облека со која се мачи.

„Ана Куан? Мислам дека ќе мора да го пресечеме ова“, рече Бери низ смеа.

Нејзините гради се покажаа во еден момент. Иако во монтажата на видеото беа покриени интимните делови, се чини дека актерката не се плаши повторно да го покаже своето тело.


Само да се потсетиме на фотографијата која нејзиниот партнер Ван Хант ја сподели на Денот на мајката. На фотографијата, која 54-годишниот музичар ја сподели на Инстаграм, Бери позира гола на балконот во спалната соба.


Инаку, Хант и Бери ја открија својата романса во 2020 година. Парот нема заеднички деца – актерката пред 16 години со Габриел Обри ја доби ќерката Нала Ариела, а со Оливер Мартинез има 10-годишен син Мацео-Роберт, додека Хант го има синот Дрејк. Дека Хант е вистински, рече Бери пред две години, беше потврдено кога нејзиниот син Масео изврши церемонија за обврзување на задното седиште од автомобилот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг