[ВИДЕО/ФОТО] Силно невреме ја погоди Србија: Паѓа град со необичен изглед

Макфакс

12/06/2024

16:17

19.586

Големина на фонт

а а а

„Чачанските села Лозница, Атеница, Кулиновце, Јежевица и Бањица беа зафатени од силно невреме проследено со град, што предизвика штети на земјоделските култури.

Жител од Бањица вели дека за десетина минути почнало да врне и целиот двор бил покриен со град.

Србија денеска беше погодена од силно невреме проследено со дожд, силен ветар и во некои делови со силни врнежи од град. На удар на невремето, освен градот Чачак и неговата околина, беше и Кралево, како и околината на Ужице и Пожега.

„Во делови од Чачак од најсилниот облак денеска се забележани големи зрна град! Невремето се движи од околината на Кралево кон исток и североисток. Урагански ветрови и град со пречник до 10 сантиметри во потесното подрачје можни се и во наредните часови“, предупредија од метереолошката компанија „Хаилц Србија“.

Метеоролошката компанија „Хаилц“ издаде итно предупредување за најсилното невреме формирано во овој дел од годината.

Облакот се движи кон околината на Ужице и Пожега и ќе продолжи кон областа Гуча, Чачак и кон околината на Кралево. Не се исклучени град со дијаметар од 10 cm и удари на ветер од 35+ m/s.




Спонзорирани линкови

Маркетинг