Залутан куршум оштети автомобил во Брњарци, полицијата го расчистува случајот

Макфакс

12/09/2026

17:00

140

Големина на фонт

а а а

Залутано зрно од огнено оружје ја оштетило хаубата на автомобил во скопското село Брњарци, а полицијата работи на разјаснување на околностите околу случајот.

Залутано зрно од огнено оружје оштетило автомобил во селото Брњарци, скопско. Случајот бил пријавен во полицијата откако 39-годишен жител забележал оштетување на хаубата од својот автомобил.

Според пријавата, оштетена е хаубата на „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки. Случајот бил пријавен синоќа во СВР Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување од каде дошло залутаното зрно и под кои околности било испукано.