[ВИДЕО] Дијагнозата на рак не ја спречила да се венча: Едвај успеала да дојде до олтарот, снимката од нивната венчавка го растажи светот

Точка

11/06/2024

21:28

34.742

Големина на фонт

а а а

„Во добро и во зло“ се заветите кои ги даваат сите кои ќе застанат пред олтарот, но дека тоа навистина го мислат, докажа овој млад брачен пар кој се венчал откако на невестата ѝ бил дијагностициран канцер во поодминат стадиум.

Нако Чанг (30) води борба со рак на дебелото црево од октомври 2023 година, кога ѝ бил откриен во третата фаза од развојот.

По хируршките интервенции и низата хемотерапии, овој храбар пар од Лос Анџелес никогаш не се откажал од своите планови.


Нејзиниот сопруг Кевин Ку (30) изјавил дека тоа била една од најтешките битки низ кои поминале, но и дека никогаш не помислиле дека ракот ќе ги спречи да си го кажат судбоносното „да“ еден на друг.

„Нако беше непоколеблива. Пред венчавката помина низ 12 сесии со зрачење, прими два различни типа на хемотерапија и учествуваше во клиничко испитување. Направивме сè што можевме за да најдеме решение“, се присетил Кевин, пренесува „News Week“.


За жал, иако направиле сè што било во нивна моќ, по втората операција на која се подложила сфатиле дека лекувањето било безуспешно. Тогаш дознале дека ракот значително се проширил и стигнал до кобниот, четврт стадиум.

Иако не знаат уште колку дена ѝ преостануваат, одлучната Чанг стигнала до олтарот, а видеото од нивната венчавка, објавено на ТикТок, го растажи целиот свет.

„На денот на венчавката, таа беше во релативно добра здравствена состојба. За жал, ја загуби способноста за движење бидејќи ракот сега го зафати и нејзиниот ‘рбетен мозок. Но, Нако како и секогаш покажа вистинска сила и одлучност“, тажно завршил Кевин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг