[ФОТО] Дуа Липа привлекла внимание на ревијата во Италија: Пејачката фасцинирала во полупроѕирен долг фустан

Точка

11/06/2024

22:05

15.322

Големина на фонт

а а а

По спектакуларниот концерт во Пула, Дуа Липа се упатила во Италија за да присуствува на ревијата на брендот „Jacquemus“, а каде што ги пленила погледите во син полупроѕирен фустан.

Француската модна куќа ја прославила петнаесетгодишнината и отворањето на нов бутик на италијанското крајбрежје, а на ревијата присуствувале бројни познати дами.


Една од нив била и Дуа, која пристигнала во светло син фустан од шифон кој се влечел по подот, а под полупроѕирниот материјал се гледала нејзината долна облека. Станува збор за парче од новата колекција на брендот, кое го искомбинирала со бордо чанта и црни сандали со отворени потпетици.

Носела и очила за сонце, а за оваа прилика ја стилизирал Џалил Вивер, кој е најпознат по соработката со Ријана.


По години работа со стилистот Лоренцо Посока, Липа станала најновата клиентка на Вивер од славните личности во 2024 година. Тој првпат ја стилизирал Липа за „Мет Гала“ во мај, облекувајќи ја во креација на Марк Џејкобс.

Кога станува збор за соработката со Сајмон Жакемус, тие биле во добри односи низ годините, Дуа е редовна гостинка на неговите ревии, присуствувала дури и на свадбата на дизајнерот во 2022 година.






Спонзорирани линкови

Маркетинг