Пецаковски стави крај на кариерата

Дерби

11/06/2024

11:19

46.772

Големина на фонт

а а а

Поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Пецаковски стави крај на активната играчка кариера.

Некогашниот ас на Вардар, Металург и Пелистер во последните неколку години беше дел од Тинекс Пролет од каде заминува во пензија.

- Тинекс Пролет како клуб му врачи благодарница на Пецаковски за неговиот придонес во изминатите години, што му беше врачена од страна на претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски на последниот тимски собир со кој беше заокружена оваа натпреварувачка сезона.

- На Дејан Пецаковски му посакуваме се најдобро во иднина, со надеж дека патиштата би можеле наскоро повторно да ни се спојат, - порачаа од скопскиот прволигаш.