[ВИДЕО] Познатата пејачка го потресе светот со новата објава, на 29 години се бори со две најтешки болести - лупус и леукемија: „Среќна сум што сум воопшто жива“

Точка

05/06/2024

18:20

4.924

Големина на фонт

а а а

Светски познатата пејачка Холси во вторникот објави дека се бори против две тешки болести - лупус и леукемија. Таа го откри ова на својот профил на Инстаграм, споделувајќи низа видеа на кои плаче додека прима инфузија.

„Да не должам премногу, среќна сум што воопшто сум жива. Накратко, напишав албум“, напишала славната пејачка.


Иако не истакнала прецизно дека ѝ биле дијагностицирани овие две болести, во својата објава означила две медицински организации: „The Leukemia & Lymphoma Society“ и „Lupus Research Alliance“, што јасно укажува дека најверојатно станува збор за леукемија и лупус, автоимуна болест.

„Се чувствувам како некоја стара дама“, вели Холси во првата од неколкуте снимки, додека ги трие нозете во очигледни болки.


„Реков дека си давам себеси уште две години да бидам болна. На 30 ќе се препородам, нема да бидам болна, ќе изгледам неверојатно згодно и ќе имам многу енергија. Едноставно ќе можам да ги повторам моите 20-ти во моите 30-ти години“, додава пејачката на подоцнежните кадри, бодрејќи се себеси.

Холси всушност сподели компилација од видеа и фотографии кои го документираат процесот на нејзините болести и нивното лекување, а судејќи според датумите што може да се видат, таа се бори со нив најмалку една и пол година.