Скандалозно или спектакуларно, поранешниот генерал Анте Пркачин кој беше гостин во синоќешната емисија „Во центар“ со Васко Ефтов, изреволтирано го напушти студиото при што упати низа псовки и навреди кон водителот.
„Еве вака заврши емисијата... Станале повеќе од 25 или 30 луѓе во емисијата „Во центар“, но досега ниеден генерал или воено лице, а сега може да се пофалиме дека еден генерал на спектакуларен начин го напуштил „рингот“ на емисијата „Во центар“, вели Ефтов.
„Само да објаснам за тие кои не знаат за кого станува збор. Анте Пркачин во врвот на својата војничка кариера е началник на генералштабот на ХОС. Некаде 1991/1992-ра постојат две структури...“, Ефтов го продолжува своето објаснување на крајот од видеото, кое може да го погледнете во прилог: