Ова е најсончевиот европски град: Дождовите тука се ретки, има повеќе од 3000 сончеви часови годишно

Точка

01/06/2024

12:00

24.230

Големина на фонт

а а а

Врз основа на податоците од 2009 до 2024 година добиени од „World Weather Online“, онлајн пребарувачот направил рангирање на најсончевите дестинации во Европа.

Првото место го зазеде Малага, шпански град кој се наоѓа на југот на Шпанија. Овој град има просечно 280,2 сончеви часови месечно, што е повеќе од 3000 сончеви часови годишно.

Просечната годишна температура во Малага е 18,7 степени Целзиусови, додека врнежите се многу ретки - врне само 50 дена во годината. Малага може да се пофали со една од најтоплите зими во Европа, со просечни дневни температури помеѓу 16 и 17 Целзиусови степени од декември до февруари.

Поради близината на Средоземното Море, летните температури се умерени.


Овој град нуди многу можности за уживање во сонцето, а туристите најчесто ги посетуваат долгите песочни плажи или се упатуваат на планинарење на локации како Гран Сендa де Малага.

Интересно е што уште два шпански града се високо рангирани на листата на најсончеви градови. Аликанте, пристаништен град на неколку часа возење северно долж брегот, го зазема второто место со 280 сончеви часови месечно. Мурсија, шпански крајбрежен град јужно од Аликанте е трет на листата со 277,7 сончеви часови месечно.


Освен овие градови, на листата на најсончеви градови во Европа се и Катанија во Италија, Севиља, Кордоба, Мадрид и Сарагоса во Шпанија, Марсеј во Франција како и Атина во Грција, пренесува „Travel and Leisure“.