„Златарот за малку ќе се онесвестеше. Ме праша: Знаете ли што е ова?“, рекла Дебра.
Сигурно барем еднаш во животот сте отишле на бувјак за да ја разгледате понудената роба, очекувајќи дека ќе пронајдете нешто интересно или вредно.
Истото го мислела и Британката Дебра Годар кога пред 33 години ги посетила тезгите и пронашла убав прстен кој и бил понуден за десетина евра. Цената не била значајна, па одлучила да го купи.
Жената прстенот го оставила во фиока и целосно заборавила на него, но кога нејзината мајка влегла во финансиски проблеми во 2019-та година, одлучила да посети златар и да го продаде.
Се надевала дека ќе добие барем 500 евра, а тогаш го доживеала шокот на животот. Дознала дека цело време во посед има дијамантски прстен од 26,27 карати.
Ring bought at boot sale for £10 and kept in a box for 33 years is DIAMOND worth £740,000https://t.co/czgmPIeSEX pic.twitter.com/OLV0LCm23P
— The Scottish Sun (@ScottishSun) February 3, 2019
„Златарот за малку ќе се онесвестеше. Ме праша: Дали знаете што е ова? Цела ноќ останав будна и размислував што да направам“, рекла Дебра.
На крајот одлучила да го однесе прстенот во славната аукциска куќа „Sothebys“ каде неговата вредност била потврдена, пренесува „The Sun“.
Набрзо била организирана аукција, а дијамантскиот прстен е продаден за 500.000 евра.
„Оваа приказна е најблиску до онаа на Дел Бој и Родни од серијата „Only Fools And Horses“. Во ова време следната година ќе бидеме милионери“, рекла Британката.
Дебра и денеска живее во западен Лондон, а се труди постојано да и помага на својата мајка.
„Ги минала празниците на Барбадос, го виде Том Џонс, но и Селин Дион во Лас Вегас. И купив и бунда. Парите не ми се важни“, истакнала таа.
Жената во меѓувреме основала компанија за продажба на винтиџ накит и напишала книга за својот живот.
„Волонтирам во добротворна организација за деца кои побегнале од дома. Ако оваа книга заработи пари, ќе им ги донирам нив“, заклучила таа.