Соиграчите го спасуваа: Грилиш двапати ќе паднеше од автобусот при шампионското славје на Сити

Дерби

27/05/2024

18:06

1.745

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити повторно имаше забележителна сезона во која испиша историја со освоената титула во Премиер лигата затоа што ниту еден клуб досега не успеал да триумфира четири години во низа.

Секако оваа кампања не е успешна како минатата, но имаше причини за радост, па беше организирана шампионска парада низ улиците на Манчестер каде одново во фокусот се најде Џек Грилиш.

Грилиш е познат по тоа што знае добро да ги слави успесите, па и да претера, односно и овојпат стана вирален на социјалните мрежи затоа што во две ситуации можеше да падне од клупскиот автобус.

Го спасуваа Рубен Дијаш и Џереми Доку.



Спонзорирани линкови

Маркетинг