Дедо кој на 93 години трча, плива и вежба во теретана: Еве која е тајната на неговата долговечност

Точка

27/05/2024

20:27

5.582

Големина на фонт

а а а

Британецот Џон Старбрук има 93 години, а во својата земја е познат под прекарот легенда.

Таквиот прекар го добил поради тоа што е одличен пливач на речиси 80 години, игра ватерполо, а последниот маратон го истрчал во 2019 година на 89 години. И, денес тој вежба во теретана шест дена во неделата.

Почнал да трча на 53 години

Виталниот дедо се занимава со пливање речиси 80 години, со тоа започнал уште како тинејџер. Таа вештина ја усовршувал додека служел војска. Тој 80 роденден го прославил пливајќи два километри меѓу шкотските острови Јура и Скарба. Сѐ уште плива три пати неделно и игра ватерполо.


Дури на 53 години почнал да трча, а во Северен Велс пред повеќе од 20 години остварил личен рекорд во трчање маратон којшто изнесувал четири часа и 14 минути. Последната трка од 42,2 километри ја истрчал на маратон во 2019 година.

Ја открил тајната на долговечноста

Џон бил најстариот натпреварувач на лондонскиот маратон во 2018 година. Тогаш имал 87 години. Го зазел првото место во групата која ја сочинувале сениори, со време од осум часа, 21 минута и 44 секунди.

„Пред околу 15 години докторот ми кажа дека морам да престанам со трчање. Кажав дека ќе биде така и истрчав околу 15 маратони после тоа“, се присетил дедото.

Заслугата за својата долговечност и виталност ја препишува на гените.

„Не правам ништо посебно, иако никогаш не пушев и никогаш не можев да пијам алкохол. Мојата исхрана е прилично нормална. Наутро јадам каша од житарки, јадам многу зеленчук, а малку пржена храна. Никогаш со ништо не се преоптоварувам“, објаснил тој.

Тој додал дека има повремени здравствени проблеми, како артритис во едното колено и неправилна работа на срцето, а тоа го лекува по совет на доктор.


„Мислев дека ќе живеам 70 години“

„Мислев дека ќе живеам околу 70 години. Кога бев помлад се прашував дали ќе бидам жив до 2000 година“, изјавил дедото Џон којшто е амбасадор на организацијата „Age UK“ и собира пари во хуманитарни цели за да им помага на луѓето постари од 50 години да бидат физички активни.

Дедото има три деца, влегол во пензија пред 28 години, а им препорачува на постарите луѓе да почнат со полесно трчање, комбинирано одење околу еден километар.

Исто така ги советува да го искористат дополнителното време кое го имаат во пензија за одење во теретана и да се потрудат да уживаат во тоа, но без форсирање и претерување зошто само така ќе се чувствуваат подобро и ќе бидат полни со енергија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг