[ФОТО] Како да носите маица од околу 250 денари и да изгледате шик: Зендаја и Џеј Ло имаат практични комбинации кои може да ги искористите

Точка

27/05/2024

19:12

14.373

Големина на фонт

а а а

Белите маици одвреме-навреме оживуваат во модните трендови, а во претстојната летна сезона ќе бидат апсолутен хит целосно обичните и практични маици со натписи.

Белата маичка со кратки ракави е класично парче кое со текот на времето станало неизоставен дел од гардеробата, но летово носи нова доза на возбудување и оригиналност.

Холивудските убавици веќе нѐ инспирираа да почнеме да ги носиме „разиграните“ маици со натписи, додавајќи доза шарм и личен печат на нашиот летен стил.

Најдобро од сѐ е тоа што овој тренд на маици со натписи кај нас може да се реализира по поволна цена, дури и од околу 250 денари, а поголем дел од нас имаат барем по една ваква маица во гардероберот.

Пораките на маиците се голем чекор за повторно освојување на модната сцена, а тоа прво го најавил брендот „Loewe“ со натписот „I Told Ya“ за филмот „Challengers“, а актерката Зендаја маицата веќе ја носела надвор од сетот.


Џенифер Лопез избрала едно од моментално популарните парчиња – бела маица со кратки ракави која е украсена со натписот „Coca Cola“.

Оваа комбинација станала вистински моден хит кога ја искомбинирала маицата со класични фармерки, создавајќи опуштен, но стилизиран изглед којшто одржува совршена рамнотежа меѓу удобноста и тренди естетиката.


Ваква маица носела и Викторија Бекам уште во 2017 година со натпис „Fashion Stole My Smile“, а повторно го оживеала овој тренд со нова порака, чија инспирација ја пронашла во документарецот за Дејвид во кој кажала дека татко ѝ ја возел во училиште со „Ролс Ројс“, па од таму и натписот „My Dad Had A Rolls-Royce“.


Исто така таа ја искомбинирала маицата со фармерки, но во овој случај со висок струк и ремен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг