Многу емоции во Струмица: Вардар опстана во Прва лига, но остана без својот лидер на теренот

Дерби

27/05/2024

13:50

1.246

Големина на фонт

а а а

Вардар го надигра Детонит од Плачковица и втора година по ред победи на бараж меч за прволигашки статус, но натпреварот кој вчера се одигра во Струмица ќе остане во сеќавање и поради емотивните сцени на крајот.

Тимот на Горазд Михајлов ја оствари главната цел и опстана во македонската фудбалска елита, меѓутоа Вардар како клуб ќе мора да работи напорно ова лето за да донесе замена за играчот кој со години беше лидер.

Дарко Глишиќ опстоја во најтешките моменти во клубот и секогаш ја покажуваше својата љубов кон црвено-црниот дрес, но искусниот лев бек вчера го одигра последниот натпревар за Вардар.

Дефанзивецот со солзи во очите го дочека последниот судиски свиреж и не можеше да ги контролира емоциите, а повеќе од јасно е дека ќе недостасува во тимот и поради своите квалитети, но и поради значењето кое го имаше во соблекувалната.

Вардаровите навивачи имаат само позитивни коментари за играчот кој е производ од фудбалската школа на клубот, а емотивна објава сподели и Вардар преку социјалните мрежи.

Поим за љубов, лојалност и посветеност кон Вардар! Ти Благодариме Дарко за секој момент поминат во светиот црвено-црн...

Posted by FK Vardar on Sunday, May 26, 2024



Спонзорирани линкови

Маркетинг