Ето му изгласа доверба на Инфантино: Господинот Џани го промени фудбалот

Дерби

25/08/2026

10:14

83

Големина на фонт

а а а

Изминатиот период се огласи многу познати фудбалски имиња, Федерации и Конфедерации кои му изгласаа недоверба на Џани Инфантино, но ако првиот човек на ФИФА го навлече гневот во Европа, Азија и Северна и Централна Америка, мора да се признае дека во Африка се уште ужива голема доверба.

Самуел Ето како прв човек на камерунскиот фудбал застана во одбрана на претседателот на ФИФА и посочи дека тој мора да остане главен раководител на најважното фудбалско тело во светот, бидејќи според него, Џани помогнал на малите и посиромашни Федерации како никој друг претходно во историјата.

– Господинот Инфантино многу му помогна на нашиот континент во фудбалска гледна смисла. Тој им помогна на нашите сојузи побрзо да се развиваат и пред фактите сите мора да молчат.

– Мора да ја препознаеме неговата работа за нашиот континент, затоа сметам дека требра да го поддржиме и да му изгласаме доверба за се што направи за нас.

– Претседателот Џани Инфантино го промени фудбалот, им даде шанса на малите нации да сонуваат за големи нешта и да бидат дел од најпрестижните турнири како Светско првенство, – порача легендарниот Ето.