[ВИДЕО] Шекил О’Нил пее балкански хит на тренинг на Далас

Точка

27/05/2024

11:14

8.523

Големина на фонт

а а а

Во текот на загревањето за натпреварот меѓу Далас и Минесота, во салата свирел хитот на хрватската група „ET“ – „Празан стан“. Додека Дончиќ го тренирал шутит, Шек го пеел хитот на загрепската денс група.

Пред натпреварот меѓу Далас Маверикс и Минесота Тиберволвс, Лука Дончиќ се загревал шутирајќи тројки, додека се покрај теренот седел легендарниот центар Шекил О’Нил. Како поттик за натпреварот Дончиќ го слушал хитот на ET, „Prazan stan“. Песната го погодила и О’Нил, кој не можел да се воздржи, а да не ја запее. Иако изгледа дека Американецот не ги знае зборовите баш најдобро, ритамот го фатил. На урнебесната сцена не можел да и одолее ни Словенецот кој проследил се со насмевка.

Далас во третиот натпревар од финалето на Западната конференција ја победи Минесота (116-107) и се наоѓа на чекор од пласман во НБА финалето. Маверикс до победа ги предводеше токму Дончиќ заедно со Кајри Ирвинг, а двајцата дадоа по 33 коша. Дончиќ додал уште седум скока, пет асистенции и пет освоени топки.

Шек и Дончиќ се чести гости на хрватскиот брег. Еден од најпознатите американски пензионирани кошаркари во последните години често ја посетуваа Хрватска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг