Денес облачно време со дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме

Макфакс

26/05/2024

10:04

1.007

Големина на фонт

а а а

Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за краткотрајно невреме, најавуваат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.


Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од УХМР информираат дека во следните денови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.



Спонзорирани линкови

Маркетинг