Кинезите имаат иновација со која сакаат да ја освојат Велика Британија

Точка

25/05/2024

11:30

10.116

Големина на фонт

а а а

Кинезите најдоа начин да ги принудат дури и оние без возачка дозвола да ги користат нивните возила.

Неговото име е “BD1”, и е нов иновативен производ на компанијата BYD, водечки производител на електрифицирани возила во светот и еден од најголемите производители на батерии. BYD веќе понуди електрични автобуси за Европа, а сега одлучи да понуди т.н “doubledecker” или двокатен.


Овој градски автобус е прилагоден на британските стандарди, а се движи со електричен погон. Има четири електромотори кои работат на огромни батерии со капацитет од 532 kWh. И тоа што е важно, овој систем може да се полни со моќност до 500 kW, што е на нивото кое моментално го нудат само ретките производители и тоа за најскапите електрични автомобили.


Според “Autocar”, досегот на овој модел е околу 644 километри со едно полнење. Во случај на скромни потреби, производителот може лесно да ги приспособи можностите благодарение на модуларноста на батериите.


Се очекува овие кинески автобуси да ги заменат познатите хибридни модели на Лондон.


“Routemaster” до крајот на оваа година. После тоа, нови верзии на моделот ќе се нудат и во други британски градови. На британските патишта веќе сообраќаат околу 1.800 електрични автобуси од понудата на BYD.




Спонзорирани линкови

Маркетинг