Еден електронски уред може да предизвика експлозија во авионот и не смеете никако да го ставате во вашиот багаж

Точка

23/05/2024

17:50

5.122

Големина на фонт

а а а

Авиокомпаниите имаат строги правила кога станува збор за транспорт на различни електронски уреди, бидејќи многу од нив може да претставуваат ризик за безбедноста на патниците и членовите на екипажот.

Повеќе од 82 милиони луѓе ширум светот користат електронски цигари или вапс. Овие електронски уреди се особено популарни кај помладата популација. Меѓутоа, кога станува збор за транспортот на овие уреди, малкумина ги земаат предвид правилата кои ги диктираат авиокомпаниите, односно ризиците кои ги носат со себе.


Зошто вејповите мораат да се превезуваат исклучиво во патничката кабина?

Освен што предизвикуваат зависност и потенцијално го загрозуваат здравјето на пушачите, електронските цигари, односно вејповите, со себе носат уште еден ризик, а тоа е ризикот од експлозија. Особено во услови на зголемен притисок, како на пример во кабините на авионите. Најголема опасност по безбедноста на сите патници и членови на екипажот се литиум-јонските батерии кои се користат за напојување на овие уреди.

Во обични услови тие се исклучително безбедни, но поради високата енергија се многу ризични доколку не се транспортираат на соодветен начин. Затоа е потребно да се чуваат во рачниот багаж и секогаш да бидат при око на патникот, за во случај на непредвидена ситуација пожарот да може да биде локализиран и изгаснат.


„Батериите се честа причина за пожари во авионите, но и на земјата, за време на транспортот“, предупредуваат британските експерти од областа на цивилното воздухопловство, пренесува „Daily Mail“.

Доколку користите електронска цигара, вака треба да ја транспортирате кога патувате со авион

Доколку патувате со авион, а не сте подготвени целосно да се откажете од вашиот уред за време на патувањето, најбезбедниот начин да го транспортирате е да го внесете целосно наполнет во авионот. Тоа значи дека од моментот кога ќе го извадите од полначот до слетувањето, не го користите ниту за момент. Ниту на патот кон аеродромот, ниту додека чекате да се качите на летот.

Доколку користите електронска цигара која се полни со масло, треба да го испразните резервоарот во кој се наоѓа маслото и да го исклучите од батеријата пред да се качите во авионот, предлагаат експертите за воздухопловна безбедност. Ова ќе спречи можно истекување на течноста за време на летот или вклучување на електронската цигара при притискање на копчето.


Водете сметка и за ограничувањата на транспорт на течности

Корисниците на електронски цигари кои се полнат со течност обично не остануваат без масло кое најчесто се продава во поголем амбалажи. Меѓутоа, при пакувањето за лет малку кој размислува за ограничувањата кои ги диктираат авио-компаниите, а кои се однесуваат на превоз на течности.

Во скоро сите земји важи правилото дека во авионот не може да се внесе течност чиј волумен надминува 100 мл, исклучок се одредени лекови и храна за бебиња.


За да избегнете непријатност и да не останете без масло за електронската цигара, погрижете се да го спакувате во вашиот багаж, а никако во рачниот куфер.