[ФОТО] „Најубавото девојче на светот“ порасна и го хипнотизира Кан: Светската слава ја стекнала на 6 години, а денес е чудо во светот на моделингот

Точка

23/05/2024

21:25

21.772

Големина на фонт

а а а

Францускиот модел Тилен Блондо, за многумина позната како „најубавото девојче на светот“, се појавила на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан и со својот беспрекорен стајлинг ги воодушевила присутните.

Некогаш најубавото девојче на светот, денес успешен модел, има 23 години и изгледа сензационално.

Манекенката Тилен Блондо станала главна тема, кога рамо до рамо со ѕвездите како Кејт Бланшет и Бела Хадид, прошетала на црвениот тепих на 77 издание на Филмскиот фестивал во Кан.


За таа прилика оваа девојка се определила да носи женствен, црн фустан од брендот „Живанши“, проткаен со дискретни детали од чипка кој го надополнила со парчиња накит од францускиот бренд „Месика“.

Црниот фустан којшто совршено ја следел силуетата на нејзиното тело и на дискретен начин ги истакнал нејзините адути ја покажал сета нејзина елеганција.


Инаку, Тилен е ќерка на некогашниот француски фудбалер Патрик Блондо и телевизиската водителка Вероника Лубри, а станала планетарно позната кога во 2006 година детското издание на „Vogue“ ја прогласило за најубаво девојче на светот.

На 16 години таа потпишала договор со познатата моделинг агенција „IMG Models“ и ја започнала својата соработка со бројни луксузни брендови.


Осврнувајќи се на славата која ја стекнала на само шест години, младата манекенка во едно интервју во 2018 година изјавила дека во тоа време не била свесна на својата популарност.

„Кога си мал, не обрнуваш толку внимание на сите тие работи“, изјавила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг