Фустанот на славната убавица балансира помеѓу кич и чиста генијалност - и невозможно е да не гледате во неа

Точка

22/05/2024

10:11

10.500

Големина на фонт

а а а

Манекенката Леоми Андерсон вчеравечер беше една од најзабележителните гости на Канскиот филмски фестивал. Таа на премиерата на филмот „Marcello Mio“ се појавила во драматично, неверојатно упадливо издание кое било мамка за погледи.

Филмскиот фестивал во Кан е познат по високата мода на црвениот тепих и креативната елеганција, а убавата 31-годишна девојка дефинитивно на вистински начин одговорила на кодексот на облекување.


Леоми избрала тоалета од брендот „Sophie Couture“ во која секој чекор е чиста магија. Станува збор за едноставен, долг топ-фустан од текстурирана, крута ткаенина кој ја следи линијата на телото и ги открива рамената, но тоа е само основата на оваа екстравагантна, посебна креација.

Црниот фустан по целата негова должина е украсен со жолти листови, а на задната страна е додаденa предимензионирана огромна панделка со црни пердуви, од којa се спушта исклучително долг шлеп, кој на моменти наликува на јорган.


Признаваме дека на фустанот има сè и сешто и дека балансира меѓу кич и генијалност, но не може да се негира дека оваа манекенка одлично го изнела и дека се издвоила од толпата други дами.

Изданието го комплетирала со црни, лакирани салонки, прекрасни дијамантски обетки и блескави нараквици, а нејзината „дрска“ кратка пикси фризура одлично се вклопила во овој моден фазон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг