Ако страдате од овие шест симптоми, веројатно консумирате премногу сол

Точка

22/05/2024

09:50

7.781

Големина на фонт

а а а

Солта им дава подобар вкус на јадењата, но важно е да внимавате да не претерате со употребата на овој зачин. Ако се консумира премногу сол, може да предизвика проблеми со функцијата на бубрезите и висок крвен притисок, но и да предизвика помали проблеми како што се главоболки.

Ова се најчестите показатели кои укажуваат дека внесувате премногу сол во исхраната.

Висок крвен притисок

Прекумерното и често консумирање сол може да предизвика висок крвен притисок, кој е еден од главните причини за срцеви заболувања, мозочен удар и проблеми со бубрезите. Солта ја задржува водата во крвотокот, го зголемува волуменот на крвта и создава поголем притисок врз ѕидовите на крвните садови, пренесува „Health Shots“.


Често сте жедни

Конзумирањето премногу сол може да има ефект и да направи да се чувствувате многу жедни. Ова се случува затоа што солта ја извлекува водата од клетките и влегува во крвотокот за да го разреди вишокот натриум, предизвикувајќи одговор на жедта на телото што понекогаш нема да престане дури и по неколку чаши вода.

Проблеми со бубрезите

Прекумерното внесување сол може да ги оптоварува бубрезите, кои играат клучна улога во филтрирањето на вишокот натриум од крвта. Со текот на времето, ова може да ја ослаби функцијата на бубрезите и да го зголеми ризикот од бубрежна болест, пишува „Health Shots“.


Оток на одредени делови од телото

Оние кои претеруваат со внесот на сол може да имаат проблеми со оток. Прекумерниот внес на сол може да предизвика задржување на течности во телото, што доведува до отекување на рацете, стапалата, глуждовите или стомакот. Отокот се јавува затоа што телото ја задржува водата за да има доволно течност поради премногу внесување сол.

Прекумерно и неправилно чукање на срцето

Конзумирањето премногу сол може да предизвика неправилно и прекумерно чукање на срцето и да ја наруши рамнотежата на електролитите во телото. Нерамнотежата на електролитите како натриум и калиум може да доведе до преоптоварување и чукање на срцето, што може да предизвика неправилни отчукувања на срцето, особено кај луѓето со срцеви заболувања.


Тешки главоболки

Прекумерното консумирање сол може да придонесе и да предизвика дехидрација и промени во протокот на крв. Кај некои луѓе тоа може да предизвика силни главоболки и мигрена кои ги спречуваат да функционираат нормално, пренесува „Health Shots“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг