За прв пат ќе биде претставен на 15 август во Пебл Бич, Калифорнија, а зад него е дизајнерот на автомобили Саша Селипанов, кој минатата година го започна новото дизајнерско студио "Hardline27".
Краткиот тизер од новиот хиперавтомобил го прикажува неговиот заден дел и вратите „gulwing“. Задниот дел неодоливо потсетува на "Pagani Utopia", но дизајнот тука е малку поагресивен.
На прв поглед вниманието го привлекуваат трите централно поставени издувни цевки сместени помеѓу двете крила. Во тизерот се слуша и звук на мотор, но не се знае за што се работи. Некои медиуми шпекулираат дека е атмосферски.
Заедно со масивниот јаглероден дифузер, задниот дел е украсен со едноставни LED светла поставени во задните решетки. Нема традиционален браник, па погледот на задните гуми е непречен.
„Се фокусираме на врвното автомобилско искуство“
И тоа е сè што е познато за овој хиперавтомобил.
"Nilu27" се претставува како „нов бренд на хиперавтомобили, кој произведува подеднакво убави и брутални автомобили“.
„Не грижејќи се за дигитализација, електрификација и други одвлекувања, ние се фокусираме на врвното автомобилско искуство“, велат од компанијата.
Селипанов е дизајнер на голем број одлични автомобили, вклучувајќи ги "Bugatti Chiron", "Koenigsegg Gemera" и концептот "Genesis Essentia". Тој е добро упатен во хиперавтомобилите, а првата креација на компанијата "Nilu27" изгледа ги исполнува сите критериуми на традиционалниот хиперавтомобил.
До каде напредува развојот на првиот хиперавтомобил на марката и колку примероци ќе бидат произведени засега е непознато.