[ФОТО] Обвиена со доза на мистерија: Чудесна, застрашувачки правилна „дупка“ која личи на око се наоѓа среде пустина и е видлива дури и од вселената

Точка

20/05/2024

13:22

13.668

Големина на фонт

а а а

„Окото на Сахара“ или „окото на Африка“ - кога нешто има толку незаборавно и интригантно име, не може да изгледа лошо, зарем не? И навистина не може.

Изгледа апсолутно неверојатно, но ова дефинитивно не е нешто што би го нарекле „типична туристичка дестинација“. Не само што не можете да ја доловите целата нејзина големина со тоа што ќе ја посетите и се чини дека треба да се потрудите за да стигнете до неа, туку нејзината убавина - концентричните кругови и бои - најдобро се гледаат од птичја перспектива. Токму затоа и е наречена „око“ - затоа што ги потсетувала астронаутите кои ја гледале од вселената на око. Таа дури наликува на познатата Голема црвена дамка на Јупитер, најголемата бура во нашиот сончев систем.


Прва теорија за настанувањето, онаа за удар на метеор е отфрлена

Неверојатното „око на Сахара“ кое го носи името и „структура Ришат“ или оригинално „Guelb er Richât“ се наоѓа, како што кажува самото име, во средината на Сахара, во Мавританија, на висорамнината Адрар. Веќе долго време ги привлекува научниците и љубителите на необичностите кои природата знае да ги приреди, па дури и оние кои сакаат да решаваат некои од најлегендарните мистерии во светот.


По години и години истражување, одговорот конечно е пронајден и струката е уверена во неговата точност - не се работи за кратер кој настанал со удар на метеор, ниту пак за локација на која некогаш се наоѓал изгубениот град Атлантида, туку станува збор за геолошка структура создадена од магматска активност која, во текот на милиони години, била обликувана од природни сили. И покрај овој консензус, структурата Ришат останува предмет на интерес и истражување.

„Окото на Сахара“ е огромно, дијаметарот му е 50 километри

„Окото на Сахара“ е големо. Неговиот дијаметар е 50 километри и е толку голем што, како што веќе рековме, се гледа од вселената, а се карактеризира со концентрични кругови односно низа прстени кои убаво наредени се издвојуваат од околното пустинско подрачје. Во суштина, структурата Ришат не е вдлабнатина, туку е подигната формација чиј „врв“, односно централниот дел, се издига на височина од 400 метри во однос на околното подрачје.


Својот изглед го должи на различните видови карпи

Овој геолошки феномен својот необичен изглед, концентричните кругови, го должи на „играта“ на различни видови карпи, помеки и поцврсти. Што се однесува до староста на самата структура, некои извори споменуваат дека слоевите на седиментни карпи кои ја сочинуваат структурата Ришат би можеле да потекнуваат од палеозојскиот период, односно дека нејзините карпи би можеле да бидат стари од околу 540 до 250 милиони години.


Геолошката купола е производ на магма која била истисната на површината на земјата и во тамошните веќе постоечки карпи. Поради сето горенаведено, структурата Ришат е многу ценет геолошки локалитет кој дава увид во минатото на земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг